НБРМ ја задржа каматната стапка на 3,5 отсто

Bez autora
May 16 2013

Максималната каматна стапка на благајничките записи да се задржи на нивото од 3,5 отсто одлучи Народната банка на Република Македонија (НБРМ), земајќи ги предвид најновите макроекономски и финансиски показатели. Монетарната политика преку одржување ниски каматни стапки, придружено со преземените мерки кај задолжителната резерва, создава простор за поактивно кредитирање на приватниот сектор. Народната банка истакнува дека во наредниот период внимателно ќе ги следи движењата на кредитниот пазар и доколку оцени дека има потреба, ќе направи соодветни промени со цел да поттикне позначителна кредитна поддршка на правните субјекти. Во банкарскиот сектор, заклучно со март, продолжува трендот на одржување висока ликвидност.

НБРМ ја задржа каматната стапка на 3,5 отстоМаксималната каматна стапка на благајничките записи да се задржи на нивото од 3,5 отсто одлучи Народната банка на Република Македонија (НБРМ), земајќи ги предвид најновите макроекономски и финансиски показатели.

„Монетарната политика преку одржување ниски каматни стапки, придружено со преземените мерки кај задолжителната резерва, создава простор за поактивно кредитирање на приватниот сектор“, се вели во соопштението објавено во средата.

Народната банка истакнува дека во наредниот период внимателно ќе ги следи движењата на кредитниот пазар и доколку оцени дека има потреба, ќе направи соодветни промени со цел да поттикне позначителна кредитна поддршка на правните субјекти.

Во банкарскиот сектор, заклучно со март, продолжува трендот на одржување висока ликвидност. Кај кредитната активност, годишните промени упатуваат на забавување на кредитирањето на претпријатијата, додека кредитите на населението имаат умерено побрзо зголемување. Депозитната основа се одржува на стабилно ниво, при што сѐ уште е присутен трендот на побрз раст на денарското штедење во однос на штедењето во девизи, заклучил Комитетот за оперативна монетарна политика.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik